Техничка подготовка

Одделот за техничка подготовка како составен сегмент од севкупниот производен процес го нуди најновото од технологијата за предпечат. Со примената на CTP (Computer to plate) технологија овозможуваме беспрекорна подготовка на вашите материјали, кои потоа преточени на печатарски плочи се неопходни за понатамошните производствени чекори.

Offset печатење

Нашата современа производна линија за офсет печат обезбедува врвен квалитет на печатење и можност за производство на најсложените нарачки. Особено внимание се посветува на квалитетот на печатење и верноста на боја (ISO стандард) кое го обезбедуваме преку континуирана контрола на процесот од страна на нашиот стручен тим.

Доработка

Одделот за доработка како наша последна алка од производствениот процес има за цел да ги претвори печатените табаци во готови производи. Во услугите за доработка, меѓу другото вклучуваме и: сечење, лепење, виткање, бигување, кламирање, пластифицирање, рицување, нумерација, перфорација, ,тврд повез, укоричување, центрагување, штанцање

 

Наши производи

  • Амбалажа за прехранбени производи
  • Амбалажа за фармација
  • Картонска амбалажа
  • Рекламен материјал: брошури,визит карти, книги, летоци, плакати, проспекти, роковници, флаери, хартиени кеси
  • Етикети: самолепливи, сјајни,мат
  • Корпоративен материјал: календари,каталози
  • Транспортна Амбалажа

 

Услуги

 

Ние ги нудиме сите видови на печатарски услуги, почнувајќи од подготовка и реализација до испорака на печатените производи на бараната локација. Сите фази на производство ги изведуваме во рамките на сопствениот производствен капацитет со постојана контрола на квалитетот.

 

Наши референци